Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во одрон во Хирошима загинати 27 лица

Во одрон во Хирошима загинати 27 лица
Најмалку 27 лица го изгубија животот а 10 се водат како исчезнати во огромниот одрон кој ги зафати куќите во јапонскиот град Хирошима соопшти денеска јапонската влада. Спасувачките екипи интензивно се обидуваат да дојдат до оние за кои се верува дека се потрупани под земјата после синоќешниот одрон на брдото. Јапонскиот премиер Шинзо Абе нареди „интегрирана спасувачка операција, со внимателност од можни понатамошни одронувања“ и побарал бројот на војници кои учествуваат во спасувањето да се зголеми на неколку стотици. Државната метеоролошка агенција предупреди на јаки дождови во тоа подрачје, што го зголемува ризикот од понатамошни лизгалишта на местата на кои веќе има тон кал. Јапонија во последните седмици е погодена од невообичаено јаки дождови кои предизвикале повеќе мали лизгалишта и поплави.  
Слично

Поврзани вести