Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во обид да се заштитат од шпионските активности на CАД, „Дојче телеком“ иницира „сегерманска“ заштита на интернетот

Во обид да се заштитат од шпионските активности на CАД, „Дојче телеком“ иницира „сегерманска“ заштита на интернетот
По зголемените тензии меѓу европските земји и САД по последните откритија за масовноста на американските шпионски активности во Европа, компанијатa „Дојче Телеком“ ги повика германските телекомуникациски оператори да соработуваат во обезбедувањето заштита на националниот интернет сообраќај од странски разузнавачки служби. Според експертите, ваквата идеја, меѓутоа, може да се покаже како тешко остварлива. Шестмина телекомуникациски и интернет експерти посочуваат дека заштитата нема да биде можна кога Германците сурфаат на страници поврзани на сервери во странство, како на пример, на социјалната мрежа „Фејсбук“ или пребарувачот „Гугл“. „Дојче телеком“ може да има проблеми и со привлекување кон иницијативата на конкурентските компании, кои нудат широкопојасен интернет, затоа што тие не се расположени да споделуваат информации за своите мрежи. Контрола врз интернетот се применува во земји како Кина и Иран, каде владите се трудат да ги ограничат соддржините што ќе им бидат достапни на граѓаните.
Слично

Поврзани вести