Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во обид да се разладат во Британија се удавија најмалку 13 лица

Во обид да се разладат во Британија се удавија најмалку 13 лица

Во британските реки и езера во изминатите неколку дена се удавија најмалку 13 лица, кои сакале да се разладат од топлиот бран. 

Седум од жртвите биле тинејџери, потврди британскиот министер Кит Малтхаус во парламентот.

Лондонските пожарникари вчера го поминаа најтешкиот ден од Втората светска војна. 

„Најмалку 41 куќа се уништени во Лондон, а повеќе од десетина на други места во Велика Британија“, рече Малтхаус.

Многу возови од Лондон до северна Англија денеска доцнеле или се откажани бидејќи топлината од пожарите ги прегреала шините и ја оштетила опремата за сигнализација. 

Поголемиот дел од Западна Европа е среде топлотен бран. Велика Британија  за прв пат забележа температури од над 40 степени Целзиусови. Германија го забележа најтоплиот ден во годината досега, додека Португалија го зголеми бројот на жртви по деновите со прекумерна топлина.

Слично

Поврзани вести