Во обид да направи селфи, Италијанец падна во бездна длабока 200 метри
Италијанец на возраст од 30 години паднал во бездна по правење селфи.
Андреа Мацето пешачел минатата сабота со својата партнерка Сара Браганте, во Роцо, Италија.
Застанале да се фотографираат, но на Мацето му паднал мобилниот телефон и тргнал по него да го земе. Изгубил рамнотежа и паднал од работ на карпата, во бездна длабока 200 метри.
Спасувачките служби набрзо пристигнале со два хеликоптери и тим пожарникари, но кога го пронашле Мазета, тој веќе бил мртов.
По неговата смрт, Сара ја споделила нивната последна фотографија на Инстаграм.
Во многу земји во светот имало вакви немили настани. И на Балканот, во БиХ, туристка почина при обид да направи селфи.
Слично
