Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во новите напади на Исламската држава 58 мртви

Во новите напади на Исламската држава 58 мртви

Најмалку 58 луѓе денеска загинале а 170 се повредени во три одвоени самоубиствени бомбашки напади во Ирак, соопштуваат претставници.

Нападите се одвивале на северениот, западниот и источниот дел на земјата.

Одговорноста за нападите на сверот ја превземала екстремистичката Исламска држава, која наведува дека ги изведел тројца странски џихадисти, пренесува агенцијата АП.

Меѓу загинатите се и припадници на курдските безбедносни сили. Најновите напади се случиле само ден откако најмалку 38 лица загинаа во неколку експлозии на автомобил бомби во шиитските делови на Багдад.

Ирак се наоѓа во најтешка криза откако во 2011 година се повлекле американските трупи, а после тоа сунитските екстремистички групи на чело со Исламската држава завзеле третина од земјата.

Слично

Поврзани вести