Во Нов Зеланд има продавница во која се е бесплатно
Во Нов Зеланд постои продавница во која се е бесплатно. Во продавницата има околу 3.000 производи, освен алкохол и цигари.
Работи „социјална продавница“ или „банка за храна“, покрената од градската организација „Мисија на Велингтон сити“, основана во 1904 година, со цел да се задоволат потребите на локалното население. Се планира проширување на мрежата на вакви продавници во наредниот период. Наместо цени, артиклите во продавницата се означени со поени од 1 до 5, каде што 1 поен се најевтините намирници, додека 5 поени вредат намирници кои инаку чинат повеќе од 10 долари. Во зависност од ситуацијата во која се наоѓа лицето, организацијата одлучува колку поени за купување ќе им бидат доделени. Возрасно лице со слободен брачен статус би добило околу 55 поени, додека семејствата многу повеќе.
