Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Њујорк се судрија поддржувачите на Палестинците и Евреите

Во Њујорк се судрија поддржувачите на Палестинците и Евреите

Teнзично беше денеска и во Њујорк, каде живее една од најголемите еврејски заедници во САД. Наводно таму избиле судири меѓу Палестинците и нивните поддржувачи од една страна и Евреите од другата страна, заради што морала да интервенира и полицијата.

На социјалните мрежи се појавија повеќе снимки од насилството на улиците во Њујорк меѓу поддржувачите на Палестинците и членовите на еврејската заедница.

Ова е втор ден како се одржуваат протести во градот, откако вчера имало прво провокации, а потоа и антисемитски пораки. 

Нови немири имало во Ерусалим по петочната молитва и покрај прекинот на огнот кој го договорија Израел и Хамас. 

Судири имало меѓу Палестинците и израелските власти се случија во комплексот на џамијата „Ал-Акса“ во Ерусалим. Од израелската полиција велат дека Палестинците фрлале камења кон полицајците, па властите морале да употребат  шок-бомби и солзавец. 

Палестинската Црвена полумесечина пријави 15 повредени лица во судирите меѓу Палестинците и полицијата.

Слично

Поврзани вести