Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во немирите во Казахстан до сега елиминирани 28 „терористи“

Во немирите во Казахстан до сега елиминирани 28 „терористи“

Медиумите јавуваат, повикувајќи се на МВР, дека безбедносните сили ликвидирале 26 учесници на протестот, а околу 3.000 се приведени во немирите кои избија оваа недела во Казахстан, а иницијална каписла беше поскапувањето на гасот.

Казахстанскиот министер за надворешни работи Мухтар Тлеуберди детално го информирал американскиот државен секретар Ентони Блинкен за „антитерористичката“ операција. Засега е познато дека во Казахстан ќе пристигнат и пет авиони со миротворци од Белорусија.

Заменик-шефот на претседателската администрација Даурен Абаев за ТВ „Хабар-24“ изјави дека на страната на „терористите“ дејствувале и снајперисти.

Демонстрантите неколку пати се обиделе да се вклучат во директната програма на националната телевизија, а двапати нападот на ТВ кулата Кок Тобе беше одбиен.

„Вкупно 3.000 лица се уапсени поради прекршување на наредбата, 26 се ликвидирани, а 18 вооружени терористи се ранети“, објави телевизијата.

Според МВР, загинале 18 припадници на безбедносните сили, а ранети се 748 полицајци и припадници на Националната гарда.

Абаев додаде дека засега е познат еден случај на обезглавување на кадет.

Казахстанските власти воведоа црвен, критичен, степен на терористичка опасност на териториите на целата земја, соопшти прес-службата на Комитетот за национална безбедност.

Во Алма-Ата учесниците во немирите подигнаа барикади пред зградата на телевизијата „Свет“, јавуваат медиумите, додавајќи дека има жртви и дека телата на загинатите лежат на улица.

Немири имаше и во градот Актау, каде демонстрантите ја нападнаа полицијата и им го одзедоа оружјето.

Аеродромите во главниот град Алма-Ата и другите градови и денеска се затворени, додека Интернетот беше во функција извесен период.

Божиќните богослужби се одржаа без присуство на верници, а џамиите беа привремено затворени.


Слично

Поврзани вести