Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во немири во Багдад 4 загинати и 90 повредени

Во немири во Багдад 4 загинати и 90 повредени

Повеќе од 4  луѓе загинаа, а 90 се повредени вчера во антикорупциските протести во Багдад.

Демонстрантите упаднаа во силно обезбедуваната Зелена зона во центарот на градот.

Ирачките сили за безбедност употребија гумени куршуми и солзавец за да ги разбијат демонстрантите од областа каде што се наоѓаат владини згради, парламентот и амбасади. Ова е втор пробив во Зелената зона за помалку од еден месец. Меѓу демонстрантите има поддржувачи на влијателниот шиитски свештеник, Моктада Садр и членови на други групи, незадоволни од неуспехот на владата при антикорупциските реформи и при зајакнувањето на безбедноста против напади на „Исламска држава“.

Во Багдад за кратко вчера беше воведен полициски час, а подоцна властите соопштија дека редот бил обновен по „немирите“ во Зелената зона.

Слично

Поврзани вести