Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО НЕДЕЛАТА НА ИМУНИЗАЦИЈА ГОЛЕМО ОТКРИТИЕ НА НАУЧНИЦИТЕ: Развија мобилен печатач за правење фластер со mRNA вакцина

ВО НЕДЕЛАТА НА ИМУНИЗАЦИЈА ГОЛЕМО ОТКРИТИЕ НА НАУЧНИЦИТЕ: Развија мобилен печатач за правење фластер со mRNA вакцина

Научниците вчера објавија дека го развиле првиот мобилен печатач кој може да произведе фластери со големина на зглобот на прст, од кои вакцината се ослободува во телото со помош на микроигли и ќе може да се користи за инокулација со mRNA вакцина против Ковид.

Научниците се надеваат дека уредот ќе придонесе за поширока имунизација на луѓето кои живеат во оддалечените и сиромашни делови на светот.

Научниците тврдат дека фластерот со вакцината обезбедува поголема заштита од типичната вакцина. Треба само да се стави фластер со микроигли директно на кожата, која е полна со имунолошки клетки.

Новиот мобилен печатач е тестиран со вакцините Pfizer и Moderna, но меѓународниот тим на научници кои го создале велат дека целта е да се прилагоди печатачот на сите други видови вакцини. Податоците за студијата беа објавени во стручното списание Nature Biotechnology.

Роберт Лангер, ко-основач на Moderna и еден од авторите на студијата, изјави за АФП дека се надева дека печатачот може да се користи за „следниот вид на коронавирус или каква било слична здравствена криза во иднина“.

Ана Јакленец, една од авторите на студијата од МИТ (Технолошкиот институт во Масачусетс), рече дека предноста на печатачот е што може да се испрати во оддалечените села во сиромашните делови на светот, како и во бегалските кампови. Во случај на нов бран болести како ебола, на овој начин, посочува Јакленец, „локалното население би можело брзо да се вакцинира“.

Испечатените фластери веќе се тестирани на лабораториски глувци и во моментов се тестираат на примати, што, доколку биде успешно, ќе доведе до испитувања на луѓе.

ФОТО: EPA


Слично

Поврзани вести