Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО НАРЕДНИТЕ МЕСЕЦИ ЌЕ НАПРАВАМ МНОГУ ГЛУПАВИ РАБОТИ - Маск воведе измена на Твитер, па набргу ја откажа

ВО НАРЕДНИТЕ МЕСЕЦИ ЌЕ НАПРАВАМ МНОГУ ГЛУПАВИ РАБОТИ - Маск  воведе измена на Твитер, па набргу ја откажа

Вчера „Твитер“ воведе, а потоа набрзо го откажа новиот сив графички симбол за сметки на познати институции и компании.

„Само што го симнав“, објави Маск на Твитер само неколку часа откако новата ознака беше додадена на сметките на владите, големите компании и големите медиуми.

Маск додаде дека „Твитер“ ќе направи „многу глупави работи“ во наредните месеци, пренесе АФП.

– Ќе го задржиме она што функционира и ќе го промениме она што не функционира – напиша најбогатиот човек на светот, кој неодамна го купи „Твитер“ за 44 милијарди долари.

Ненадејното откажување на воведениот новитет на „Твитер“ дополнително ќе го привлече вниманието на јавноста кон плановите на Маск, седум дена откако тој отпушти илјадници работници во оваа компанија.

Ова доведе до голем пад на приходите од реклами, бидејќи компаниите се грижат за насоката на која се движи веб-страницата.

Слично

Поврзани вести