Во нападот во Колорадо загина Србин
Идентификувани се десетте жртви на масовниот убиец во Колорадо, а еден од загинатите е српски државјанин.
Невен Станишиќ (23) е една од жртвите во синоќешната пукотница на масовниот убиец во супермаркет во Колорадо. Полицијата ноќеска го идентификува напаѓачот, како и неговите десет жртви, меѓу кои и Станишиќ. Последната жртва била идентификувана околу два по полноќ по што биле известени и семејствата на настраданите. Како што за српски Блиц потврдија од српската православна црква „Свети Јован Крстител“ во Лејквуд, една од жртвите е и нивниот парохијан Невен Станишиќ. Тој, според нив, тргнал на работа кога се случила пукотницата. Останатите жртви се идентификувани како Дени Стронг (20), Рики Олдс (25), Тралона Бајтковијак (49), Ерик Тали (51), Тери Лејкер (51), Сузан Фонтејн (59), Кевин Махонеј (61), Лин Мареј (62) и Џоди Вотерс (65).
