Во напад на база убиени осум припадници на Исламската држава
Осум припадници на Исламската држава се убиени откако ја нападнале воздушната база во Ирак каде американските и коалициони трупи ја обучувале ирачката војска.
Како што рекол портпаролот на Пентагон Стиви Ворен првиот извештај покажува дека припадниицте на ИД убиле ирачки војници кај влезот на воздушната база на Ал-Асад.
Во базата имало околу 400 американски војници, но никој од нив не бил вмешан во судирот. Ворен рекол дека американските војници биле на околу три километри од судирите , во различни делови на таа пространа база.
Беспилотното летало за надзор и хеликоптер „Апач“ се пратени таму од Багдад, но борбата е завршена пред да стигнат тие.
Исламската држава претходно презеде целосна контрола над градот Ал-Багдади на западот на Ирак, кој е само 15 километри оддалечен од американската воена база.
Слично
