Во најсиромашната држава, претседателот прослави роденден со 600 илјади долари
Илјадници луѓе учествуваа на официјалните прослави по повод роденденот на претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе.
За време на празникот, славеникот сечел торта тешка 89 кг, што одговара на неговата тежиина. Целата прослава чинела 600 илјади долари, пишува БиБиСи.
Во пресрет на прославата во градот беше прогласен „краток ден" за да можат жителите да го исчистат градското подрачје. Во чест на роденденот на претседателот беа пуштени и меморијални златни парички.
Што се случува со економијата во Зимбабве
Само месец претходно, светските медиуми јавија дека во државната каса на Зимбабве останаа вкупно 217 долари, кои беа потрошени за неколку часа.
Економијата во земјата е во состојба на слободен пад од почетокот на векот, откако претседателот Роберт Мугабе почна да ги национализира земјоделските стопанства во земјата. Овој негов потег влијаеше на инвестициската доверба во земјата, го парализираше производство, доведе до меѓународни санкции и до намалување на бројот на туристите во Зимбабве.
По повеќе од една деценија, во која земјата помина низ хиперинфлација од 231 милиони проценти и колапс на инфраструктурата, во моментов ситуацијата е малку постабилна. Јавните финансии на земјата, сепак остануваат проблем, а локалните компании се борат против прекините на електрична енергија, недостаток на ликвидност и високата цена на трудот.

Слично