Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во најмалку 22 држави го има подвидот на омикрон

Во најмалку 22 држави го има подвидот на омикрон

Во светот брзо се шири и подвидот на омикрон. 

Него веќе го има во најмалку 22 земји, со вкупно 2.093 регистрирани случаи, велат од британската Агенција за здравствена безбедност (УКХСА). 

Во Данска, земјата каде половина од случаите се со БА. 2 нема разлика во хоспитализациите и во сериозноста на болеста.

„Варијантата е под истрага“ пишува во соопштение на Агенцијата, а научниците бараат повеќе време за анализи, јавува Ај-Њуз.  

Светската здравствена организација (СЗО) вели дека приајвени случаи на „скришниот омикрон“ има во повеќе од 40 земји, вклучувајќи ги САД, Индија, Германија и Австралија. Тој е во пораст и во Норвешка, пренесува Си-Би-Ес 12.

Овој подвид во регионот го има во Грција. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести