Во Нагорно Карабах има и жртви
Во обновените судири во Нагорно Карабах има три жртви.
Во сепаратистичкиот регион денеска повторно имаше судири меѓу ерменските и азербејџанските сили, при што воените претставници на Нагорно-Карабах изјавија дека во нападите на азербејџански беспилотни летала загинале двајца, а раниле 14 нивни војници.Министерството за одбрана на Азербејџан објави дека еден од нивните војници е убиен во, како што се наведува, „терористички чин на илегални ерменски воени формации”, а армијата на земјата одговорила со „одмаздничка операција, убивајќи и ранувајќи неодреден број „незаконски ерменски активисти”.
Лидерот на Нагорно Карабах, Араџик Харутиунџан денеска најави делумна воена мобилизација.
Ерменија и Азербејџан имаат повеќедецениски спор околу Нагорно Карабах.
Азербејџанските трупи во 2020-та година ги протерале етничките ерменски сили од подрачјето кое го контролирале од 1990-та година во Нагорно-Карабах и околу него.
Во овој регион имаше војна, по што двете земји потпишаа договор, а Русија е земја која ќе го гарантира мирот. Двете земји долги години имаат проблеми поради спорниот регион Нагорно - Карабах.
фото притскрин
