Во муслиманска земја Божиќ прогласен за државен празник
Ирак го прогласи Божиќ за државен празник.
Од Владата информираат дека ирачкиот кабинет го одобри законот за одбележување на католичкиот Божиќ, 25 декември, како официјален празник низ целата земја „по повод раѓањето на Исус Христос“.
Кабинетот гласаше за измена на законот за државни празници во земјата со што Божиќ стана празник за сите Ирачани, а не само за христијанската заедница, како што беше со децении.
„Среќен Божиќ на сите наши граѓани од христијанската вероисповед и сите Ирачани низ целиот свет кои го слават овој празник“, напиша владата на својот „Твитер“ профил.
Пред американската инвазија врз Ирак во 2003 година, во државата живееја околу 1,4 милиони христијани. Но, тој број се намали на околу 300.000, откако стотици илјади избегаа од земјата по насилството и нападите од разни вооружени групи во текот на годините.
Во земјата 95% од населението се муслимани.фото gorodamira.biz
