Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Минхен нема веќе слободен кревет: 24 000 бегалци стигнале за три дена!

Во Минхен нема веќе слободен кревет: 24 000 бегалци стигнале за три дена!

Во Минхен, каде овој викенд стигнале околу 20 000 бегалци од Унгарија, а во текот на денот дошле, според проценките, уште 4000 луѓе, повеќе нема слободни кревети во приватните центри, јавуваат германските медиуми, наведувајќи дека бегалците се распоредуваат по провинциите.

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер рекол дека градот се наоѓа на апсолутен лимит и дека така понатаму нема да може, а слично говорат и други политичари, пренесуваат вечерва германските медиуми.

Освен Минхен, бегалците вечерва стигаат и на истокот од Германија, а политичарите предупредуваат дека се работи за исклучок од правила и дека до прилив од бегалци од Унгарија овој викенд дошло после еден договор на канцеларката Ангела Меркел со претставници на Австрија и Унгарија.

Медиумите истакнуваат дека Меркел до крајот на октомври сака сите бегалци да бидат сместени во цврсти објекти и никој да не остане под шатор.

Слично

Поврзани вести