ВО МАСАКР УБИЕН И МЛАД СПОРТИСТ, МУ ПРЕТСТОЕШЕ БЛЕСКАВА КАРИЕРА: Крвав роденден со многу жртви во Алабама
Масовното пукање
во Алабама однесе четири млади животи, а меѓу жртвите беше и младиот спортист
Филставиус Даудел.
Овој млад човек е првата идентификувана жртва на пукањето што се случило на роденденска забава. Според наводите на американските медиуми, во еден момент дошло до расправија во студиото за танц каде што сестрата на Даудел славела роденден, а засега непознат напаѓач отворил оган и убил четири лица, додека уште најмалку 28 биле повредени.
По информацијата дека меѓу загинатите е и младиот Филставиус Даудел, од него се простија многу познаници и љубители на спортот, со оглед на тоа дека овој млад човек е супер талентиран спортист и момче кое се истакнуваше на повеќе полиња.
Играше кошарка, беше еден од најдобрите спортисти во Алабама, но првенствено се истакна на фудбалскиот терен. Како клучен играч за средното училиште Дејдвил, тој му помогна на училиштето да постигне одлични резултати, што му донесе покана од Универзитетот Џексонвил.
Slight work@Coach_Treal @HallTechSports1 @DexPreps @AdamT_16 @YellowhammerFB @CoachRGarrett @PrepRedzoneAL pic.twitter.com/ECVHe2XzJ7
— Philstavious Dowdell (@philstavious) December 30, 2022
Даудел претставуваше еден од најголемите таленти во американскиот спорт, но кариерата на овој млад човек беше запрна на крајно трагичен начин, речиси пред да започне.
Најмалку четири лица се убиени во масовно пукање во Алабама. Други 28 се повредени, некои од нив се во критична состојба, соопштија официјални лица. Засега не се знае дали осомничениот е во притвор, но официјалните лица рекоа дека тој повеќе не претставува опасност за заедницата.
„Ќе продолжиме да работиме на многу методичен начин за да го решиме ова, да ги погледнеме фактите и да се увериме дека правдата ќе биде задоволена за семејствата“, рече Џереми Буркет, наредник на државната полиција на Алабама.
ФОТО: Twitter/FOX News