Во Марсеј најден автомобил со боци кај синагога
Aвтомобил со две плински боци денеска е пронајден во близина на синагога во францускиот град Марсеј.
Сомнителното возило е видено околу 11 часот кај синагогата Бар Јохај, во период кога внатре се држела служба. Во автомобилот имало две плински боци. Полицијата го затвори овој дел од градот, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Годинава се уапсени скоро 300 лица осомничени за поврзаност со тероризам, изјави денеска министерот за внатрешни работи Бернар Казнев.
„Од почетокот на годината се уапсени 293 лица, вмешани во дејности на терористички ќелии“ - рече Казнев.
Во неделата француската полиција откри автомобил полн со плински боци, во близина на катедралата Нотр Дам во Париз, по што беа уапсени неколку лица.
Слично
