Во Мариупол само во една гробница има 200 тела
Oбединетите нации(ОН) ги истражуваат масовните гробници во украинскиот град Мариупол кој е скоро цел уништен.
Шефот на тимот на ОН за човекови права во Украина, Матилда Богнер кажа дека набљудувачите добиле повеќе информации за масовните гробници и вели дека има и една во која е можно да има 200 тела.
„Добиваме сè повеќе информации за масовните гробници што се таму“, рече Матилда Богнер.
Некои од доказите потекнуваат од сателитски снимки. ОН има 50 вработени во земјата, и досега изброила 1.035 цивилни жртви. Поради руските бомбардирања овие пребројувања тешко одат. И претходно медиуми пишуваа дека луѓето ги закопуваат загинатите во дворови, бавчи, во шуми.
Преговорите меѓу Москва и Киев веќе никој не ги споменува. Војната трае цел месец. На 24 минатиот месец, Русија ја нападна Украина. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин ги призна како независни републиките Доњецк и Луганск во Украина, каде главно живеат Руси.фото Принтскрин
Слично
