Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Мариупол и натаму се пука поради што евакуацијата на цивили е запрена

Во Мариупол и натаму се пука поради што евакуацијата на цивили е запрена

Евакуацијата од украинскиот град Мариупол е прекината, а властите тврдат не е безбедно поради руското гранатирање на градот. 

На жителите им е порачано да се вратат во засолништата и да чекаат информации за следните чекори.

Пред неколку минути заменик-градоначалникот на градот Сергеј Орлов изјави за Би-би-си дека Мариупол сè уште се гранатира, а исто така има извештаи дека борбите се во тек на крајот на рутата за евакуација.

Украинската влада веќе разговара со руските претставници за прекршувањето на примирјето. 

На втората рунда преговори беше договорено да има коридори за излез на цивили. 

Ситуацијата во Украина и натаму е страшна и бројот на луѓе кои бегаат од руската инвазија до крајот на викендот потенцијално може да се зголеми на 1,5 милиона од сегашните 1,3 милиони. 

foto Twitter

Слично

Поврзани вести