Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во мало место во Италија по осум години се роди бебе

Во мало место во Италија по осум години се роди бебе

Во Мортероне во Ломбардија, по цели 8 години се роди бебе. Сега бројот на жители на ова мало место во планинскиот дел на Ломбардија скокна на 29.

Момчето Денис е родено во неделата, а како што вели градоначалникот на местото, ова е радост за целата заедница, објави Гардијан. 

Родителите ја објавиле радосната вест за раѓањето на момчето на традиционален начин – поставиле сина лента на вратата од куќата. 

Последното бебе што се родило во градот било девојче, во 2012 година.

Ова мало место беше поштедено од епидемијата.

Мортероне е најмало село на Апенинскиот полуостров. 

Денис се роди по само неколку недели од објавувањето на официјалните демографски податоци што покажале дека во Италија била забележана најниската стапка на раѓање од 1861 година, кога  почнале да се запишуваат податоците.

Слично

Поврзани вести