Во Лос Анџелес спречен напад на ЛГБТ заедницата
Во Лос Анџелес вчера е спречен напад на ЛГБТ заедницата.
Уапсен е човек кој поседувал арсенал на експлозиви и огнено оружје. Тој изјавил пред властите дека планирал да причини штета за време на геј парадата. Апсењето се случи во ист ден, во кој беше извршен смртен напад против гости на геј клуб во Орландо, Флорида.
Се работи за Џејмс Хоуел на возраст од 20 години, роден во државата Индијана. Неговиот план немал врска до нападот во Орландо.
Засега американските власти немаат информации за какви и да е врски на сторителот на крвопролевањето од Орландо, Омар Матен и странски терористички организации.
Сторителот на терористичкиот напад во Орландо се заколнал на верност на „Исламска држава“. Од ИД ја презедоа одговорноста за крвавиот напад во клубот Пулс, кој е посетуван од луѓе ЛГБТ заедницата.
