Во Либија бројот на загинати во немирите се искачи на 32
Расте бројот на жртви во Либија. Во судирите на двете либиски влади во Триполи има најмалку 32 загинати и 159 ранети.
Двете влади се борат за власта уште од март. Едната е со седиште во Триполи, а од 2021 година ја води Абделхамид Дбеиба, а другата ја води Фати Башага кој го поддржува таборот на фелдмаршалот Калифа Хафтар, командант на источните либиски сили во Томбрук.
Медиумите и политичките коментатори велат дека судирите завршиле со неуспешен обид на Башага, поранешен министер за внатрешни работи, да ја смени владата на својот ривал Дбеиба.
Мисијата на Обединетите нации во Либија повика на „моментален прекин на непријателствата“ и предупреди на „вооружените судири кои се во тек, вклучително и неселективно гранатирање со средна и тешка артилерија во станбени населби“ при што се оштетени болници.
