ВО КУЌАТА НА ЕВА КАИЛИ ПРОНАЈДЕНИ СЕ ВРЕЌИ СО КЕШ: И нејзиниот татко има куфери со пари, тој е во бегство
Полицијата која
го истражува случајот за поткуп на Катар во скандалот кој го целосно го „раздрма„
Европскиот парламент, во домот на сега веќе екс-потпретседателката Ева Каили пронашла
големо количество кеш, пишува белгискиот дневен весник L'Echo.
Во куќата на потпретседателката Европскиот парламент пронајдени се вреќи со готовина“, пишува на насловната страница на весникот.
Се додава дека и нејзиниот татко има куфер полн со пари. Наводно е во бегство бидејќи го предупредиле неговите соработници. Извор близок до случајот изјави за новинарите дека истрагата е фокусирана на наводните обиди на Катар да го корумпира италијанскиот социјалист кој беше пратеник во Европскиот парламент од 2004 до 2019 година.
Каили останува во притвор до утре, кога белгиските обвинители ќе одлучат како да постапат по случајот.
Според медиумските информации потврдени за АФП, најмалку тројца од уапсените се Италијанци или со италијанско потекло: поранешниот социјалистички пратеник во Европскиот парламент Пјер-Антонио Панцери, генералниот секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) Лука Висентини и Франческо Џорџи, помошник на италијанскиот пратеник во Европскиот парламент од клубот социјалдемократи, кој е и партнер на Ева Каили.
фото: Фејсбук