Во криза француската прехрамбена индустрија
Во текот на 2012 година во францусктата преханбена индустрија се укинати околу 4.000 работни. Се очекува дека уште 5.000 луѓе од овој сектор ќе останат без работа.
Француската прехранбена индустрија, чија вредност на извозот изнесуваше околу 9,2 милијарди евра во 2012 година, оствари приходи од 160,9 милијарди евра, што претставува пад од 2,3 проценти и загуби 3.900 вработени, пренесува францускиот лист Еко.
За прв пат во последните неколку години, во 2012 година продажбата на прехранбената стока е намалена за 0,8 проценти, поради намалувањето на куповната моќ на француските граѓани.
Во овој контекст, новите даночни оптеретувања на засладените пијалоци, пивото и алкохолот, дополнително го ослабнаа овој сектор, се наведува во соопштението на Здружението.
Затворени се 300 претпријатија во втората половина од 2012 година, во однос на 247 во текот на претходната година, но сепак, овој сектор е еден од најголемите според бројот на вработените, кои вкупни се 495,000 работници, од кои една третина се неквалификувани работници.
Слично
