Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во костум од „Војна на ѕвездите“ бил облечен напаѓачот во шведското училиште

Во костум од „Војна на ѕвездите“ бил облечен напаѓачот во шведското училиште

Во костум од „Војна на ѕвездите“ бил облечен 20-годишниот Швеѓанец, кој го извршил нападот врз училиште во градот Тролхетан. Ова го откри 14-годишен ученик, очевидец на злосторството.

„Имавме лекција по општествени науки. По едно време се слушна чукање на вратата. Еден од моите пријатели ја отвори вратата. Таму стоеше човек во црно, со маска од „Војна на ѕвездите“ и голем меч“, објасни тој.

Напаѓачот го удрил ученикот и потоа продолжил по ходникот. За време на нападот од неговите слушалки му се слушала гласна музика.

Полицијата засега не посочува какви се причините на напаѓачот. По шведските социјални мрежи се коментира дека тој може да е член на десничарска-екстремистичка група.

Премиерот Стефан Лев итно пристигнал на местото.

Да се потсетиме дека утрово маскиран напаѓач влегол со нож во училиште во шведскиот град Тровхетен и уби човек. Во нападот се повредени уште пет лица.

Слично

Поврзани вести