Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Копенхаген започна масовен протест против Трамп и политиката кон Гренланд

Во Копенхаген започна масовен протест против Трамп и политиката кон Гренланд

Во главниот град на Данска, Копенхаген, денес започна протест против плановите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд, кој е данска автономна територија.

Демонстрантите се собраа пред Градското собрание во Копенхаген, а планиран е и марш до Американската амбасада, објави „Гардијан“.

Други собири треба да започнат подоцна денес во Гренланд и во други делови на Данска.

„Демонстрираме против американските изјави и амбиции за анексија на Гренланд. Бараме почитување на правото на Данска и Гренланд на самоопределување. Се надеваме дека можеме да покажеме дека има многумина од нас кои го поддржуваат Гренланд“, објави Здружението на Инуити.

Во Гренланд, демонстрации ќе се одржат во градовите Нук, Асијат, Какорток и Илулисат во 13 часот по локално време (17 часот по средноевропско време), објави данскиот телевизиски канал DR.


Слично

Поврзани вести