Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Колумбија пукано кон патнички авион,леталото на „Американ ерлајнс“ има дупки од куршуми

Во Колумбија пукано кон патнички авион,леталото на „Американ ерлајнс“ има дупки од куршуми

Колумбиските власти истражуваат дупки од куршуми пронајдени на авион на „Американ ерлајнс“ од лет помеѓу Меделин и Мајами, објавија денес американските медиуми.

ABC News објави дека нема повредени, а колумбиските власти изјавија дека прелиминарната истрага покажува дека авионот бил погоден во неделата при слетувањето во Меделин.

„Американ ерлајнс“ соопшти дека за време на рутинската инспекција на авионот кога се вратил во Мајами, експертите „потврдиле дека имало дупки во трупот“.

„Авионот веднаш беше повлечен од сообраќај за понатамошна инспекција и поправка. Ќе соработуваме тесно со сите надлежни органи за да го истражиме овој инцидент“, објави „Американ ерлајнс“.

Надлежните служби објавија дека се фокусираат на криминалната група што стои зад овој инцидент.

„Американ ерлајнс“ објави дека дупките во трупот на авионот не предизвикале никакви проблеми со летот на авионот.


Слично

Поврзани вести