Во која земја Путин договара изградба на гасен центар?
На турско тло ќе „никне“ гасен центар. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се договорил со неговиот руски колега Владимир Путин за изградба на гасен центар.
Европа ќе може да добие руски гас преку Турција, пишува Спутник. Планот детално го разгледуваат двете земји.
„Сега Европа размислува како да се обезбеди со енергија во претстојната зима. Ние, фала богу, немаме таков проблем. Згора на тоа, на нашата последна средба со господинот Путин се договоривме за создавање на гасен центар во Турција, како што самиот најави, Европа може да користи руски гас преку Турција“, рече Ердоган.
Путин претходно изјави дека Русија може да го премести транзитот на гас од „северните текови“ во регионот на Црното Море и Турција.
Инаку, Катар оваа зима нема да пренасочува гас во Европа.
