Во која земја Мадуро префрлил пари?
Владата на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро се обидува да префрли 1,2 милијарди долари од државната банка за развој Бандес во една финансиска организација во Уругвај.
Ова го тврди
лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гуаидо.
Но, Гуаидо не изнесе докази за своето тврдење.
Тој упати и апел до уругвајските власти да не дозволат таква финансиска трансакција и дека тоа е „крадење на јавните средства”.
Министерството за информации на Венецуела не ги коментираше обвинувањата на Гуаидо.
Слично
