Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во која држава веќе има и трет бран на коронавирус?

Во која држава веќе има и трет бран на коронавирус?

Иранците веќе се соочуваат со третиот бран на Ковид  - 19. 

Тој почна на територијата на иранската провинција Техеран, изјави шефот на иранскиот кризен штаб, Алиреза Зали.

Поминало многу малку време помеѓу вториот и третиот бран.

Од Зали властите побараа повторно да воведат рестриктивни мерки.

„Во писмото до министерот за здравство побаравме повторно воведување ограничувања со цел да се сузбие вирусот. Ова особено се однесува на работата од дома“, изјави Зали, објави ТАСС.

Бројот на нови заразени повторно се зголеми, а во последните три дена дневниот број на новоинфицирани  е над 3.000. 

Иран на 15 јули објави дека е во тек вториот бран. 

Во светот има 31.2 милиони заразени. 

Слично

Поврзани вести