Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во кој случај Белорусија ќе се вклучи во војната во Украина?

Во кој случај Белорусија ќе се вклучи во војната во Украина?

Властите во Москва велат дека Белорусија може да влезе во украинскиот конфликт доколку биде „нападната“. 

Претставникот на Министерството за надворешни работи, Алексеј Полишчук изјави дека заедничките вежби на Русија со Белорусија се за да спречат ескалација. На лидерите на двете земји е дали ќе ја донесат таа одлука.

„Од правна гледна точка, употребата на воена сила од страна на режимот во Киев или инвазијата на територијата на Белорусија или Русија од вооружените сили на Украина се доволна основа за колективен одговор“, изјави Полишчук за новинската агенција ТАСС.

Украина е претпазлива и се плаши дека може да се случи напад од Белорусија. На почетокот на војната,  Русија изведе напад на Украина од белоруска територија. 

Сега се појавија инфoрмации дека групата Вагнер регрутира луѓе во Србија, за да војуваат во Украина. 

Сега се водат жестоки битки за освојување на Бахмут и Соледар.

Фото: Ансплеш

Слично

Поврзани вести