Во кој град се наоѓа најдобриот европски хостел?
Хостелот „RoadHouse“ во стариот дел на Прага е опишан како идеално место за друштвените патници. Тој доби и награда како најдобро сместување за соло патници што се забележува во порастот од 42 отсто на резервации од туристи кои патуваат сами во периодот меѓу 2015 и 2017 година.
Хостелот во Прага e прогласен за најдобар во Европа и најдобар мал хостел во светот за соло патници, на годинашното доделување на познатите хостелски оскари „Хоскарс“.
Хостелските оскари се најпрестижните награди во туристичката индустрија, кои ги организира познатиот портал за резервации „Hostelworld“ и кои се базираат на податоци од повеќе од 1,2 милиони рецензии доставени во текот на претходната година, при што се оценуваат повеќе од 36 илјади објекти во 170 земји. Наградите ги класифицираат сместувањата во 29 категории, а новата категорија посветена на соло патници има за цел да ги афирмира хостелите кои поттикнуваат ваков начин на патување. Резервациите на порталот, кога се соло патниците во прашање се зголемени за 45 отсто во хостелот „We Love F“ во Лисабон, кој годинава доби награда.
Најдобро оценет хостел за машки соло патници е „One Paralelo“ во шпанскиот град Барселона кој нуди бесплатна вечера и забави секоја вечер.
