Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во кои земји во светот народот гладува?

Во кои земји во светот народот гладува?

Милиони луѓе во Африка имаат недостиг од храна. Околу 16,5 милиони деца помлади од пет години ќе се соочат со глад. 

Околу 48 милиони луѓе во западна и централна Африка ќе се соочат со акутна несигурност со храна во следните месеци, поттикната од климатските шокови, ковид-19 и високите цени, алармираат од хуманитарните агенции на Обединетите нации(ОН). 

Војната во Украина придонесува за недостигот на храна и ѓубрива во еден од најсиромашните делови во светот.

Се смета дека без редовен пристап до сигурна исхрана ќе бидат 48 милиони луѓе во текот на „оскудната сезона“ од јуни до август. Тоа делумно е предизвикано од состојбата на земјите во полусушниот регион Сахел, јужно од пустината Сахара, вклучувајќи ги Мали и Буркина Фасо кои се борат со исламистички бунтови, во кои се убиени илјадници луѓе и раселени се околу 2,5 милиони. Се очекува рекордни 45.000 луѓе во Сахел да се соочат со катастрофален глад, што е речиси најлошо ниво на глад, се наведува во соопштението. Со години гладот е проблем за Африка. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести