Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во кои земји се работи најмногу часови?

Во кои земји се работи најмногу часови?

Германија има репутација на земја која нуди добри услови за работа и тоа всушност е така. Германските работници поминуваат најмалку часови на работното место од сите земји, се вели во извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) за 2013 година . За целата година тие поминале вкупно 1363 часа на работа.

Норвешките, холандските, данските и француските работници имаат поминато помалку од 1.500 часа на работното место во текот на годината и соодветно го заземаат второ, трето, четврто и петто место во листата.

Топ 10 се дополнува со Словенија, Белгија, Швајцарија, Шведска и Австрија.

На дното на листата се рангираат Мексико, Јужна Кореја и Грција. Еден мексикански работник во 2013 година поминал 2237 часа на работното место, Јужнокорејците - 2163 часа, а Грците - 2060 часа.

Непосредно пред нив се жителите на Чиле, Русија, Латвија, Полска, Унгарија, Израел, Естонија.

Американските работници имаат близок број изработени часови до просекот на ОЕЦД - 1770. Но во споредба со германските службеници, ова се со 425 часа повеќе, или се изедначува на 53 работни дена.

paulschart541x1024

Слично

Поврзани вести