Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во кои земји најмногу падна продажбата на нови автомобили?

Во кои земји најмногу падна продажбата на нови автомобили?
Продажбата на нови автомобили во земјите од ЕУ во мај годинава е намалена за 7,5 % во однос на мај минатата година. Според податоците на Европската автомобилска асоцијација, во мај оваа година биле купени вкупно 135.587 нови возила. Податоците покажуваат дека во мај побарувачката за нови комерцијални возила повторно забележа пад по нагорниот тренд од 3,6% што беше регистриран во април годинава. Кризата преовладуваше во сите сегменти, што доведе до севкупно намалување на побарувачката за нови автомобили, пишува во извештајот на асоцијацијата. Продажбата на шпанскиот пазар генерално остана стабилна односно 0,4% во мај годинава во однос на мај минатата година. Во Велика Британија продажбата на нови автомобили имаше пад за -4,0%, во Германија се намали за -9,6%, во Франција за -11,2% , а во Италија продажбата на нови автомобили е намалена за -16,2% . Во првите пет месеци од годината, односно од јануари до мај, биле купени вкупно 681.337 нови комерцијални возила ЕУ регионот, или 7,5% помалку отколку во првите пет месеци од минатата година. Во Велика Британија пазарот се зголеми за 8,0%. Додека падот на побарувачката на нови автомобили се движи од -9,4% во Франција , потоа во Шпанија во првите пет месеци има пад од -10,2% , во Германија е намалена за -10,9% , а во Италија за -21,3%.
Слично

Поврзани вести