Во кои земји има најдобри, а каде најлоши возови?
Бугарија е број 1 во Европската Унија по лош квалитет на железницата. Тоа го покажува истражувањето на Европската комисија, презентирано во Брисел.
Според него жителите на Литванија, Луксембург и Австрија се најзадоволни од возовите, а освен Бугарија меѓу најнезадоволните се и Хрватска и Романија. Ситуацијата сепак треба да се промени со усвојувањето на нови железнички правила кои ќе влезат во сила до 2020 година.
Европската комисија ја одредува железницата за приоритетен транспорт во рамките на ЕУ.
Железничката мрежа во Унијата е над 215 000 километри, а компаниите кои работат во секторот се 804. Во секторот се вработени над половина милион луѓе. Од ЕП очекуваат дека по 2020 година ситуацијата значително ќе се промени во подобра насока. Колку повеќе играчи ќе влезат на пазарот, толку поголема ќе биде конкуренцијата и ќе бидат поквалитетни извршените услуги.
