Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ВЛАДЕЕ НАЈГОЛЕМА ПАНИКА: Евробарометар со најнови податоци за стравот од војната и енергетската криза

ВО КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ВЛАДЕЕ НАЈГОЛЕМА ПАНИКА: Евробарометар со најнови податоци за стравот од војната и енергетската криза

Чесите имаат најголеми стравови за губење на благосостојбата и каква ќе биде нивната иднина по рускиот напад на Украина, инфлацијата и енергетската криза во Европската унија, бидејќи според новото истражување на Евробарометар, дури 71 отсто од Чесите веруваат дека ситуацијата само ќе се влошува во наредните години.

Од темна иднина веднаш по Чесите стравуваат Германците и тоа 64 отсто, додека просекот за целата Европска унија е помалку од 50 отсто песимисти.

„Луѓето разбираат дека сме во сериозни тешкотии поради порастот на цените на енергијата и инфлацијата. Истовремено се убедени дека владата не е доволно компетентна да се справи со тешкотиите. Логично е дека расте стравот каде сето тоа би можело да заврши“, изјави Јан Хартл од чешката агенција за истражување на јавното мислење за порталот STEM Seznamzpravy.cz за резултатите од истражувањето.

Хартл додаде дека, иако засега ништо не се случува, Чесите се плашат дека ќе останат без просперитетот што го постигнаа во последните децении, додека во мирни времиња тие се меѓу позадоволните нации со повеќе од половина од испитаниците прашани за состојбата на нивното семејство и земјата.

Пред пандемијата, Чесите беа меѓу народите кои во ЕУ гледаат кон иднината со најголем оптимизам.

ФОТО: EPA

Слично

Поврзани вести