Во кои четири земји во светот нема ниту еден инфициран со коронавирусот?
Неколку држави во светот тврдат дека кај нив нема ниту еден случај на коронавирус.
Една од нив е Северна Кореја. Властите го ставија во карантин градот Каесонг на 26 јули, поради едно лице за кое постоеше сомневање дека е заразено. Сепак, тие сомнежи не се потврдени, со што Северна Кореја официјално е спомната како земја во која коронавирусот не е регистриран.
Туркменистан е азиска земја која тврди дека нема присуство на коронавирус. Оваа земја се граничи со Иран, каде што имаше повеќе од 6,3 милиони заразени луѓе од почетокот на пандемијата, и со Казахстан, кој има околу 1,2 милион заразени.
Другите две земји каде што коронавирусот не е потврден се Науру и Тувалу. Науру има само 12 000 жители.
Светската здравствена организација (СЗО), објави дека инфицирани има на сите континенти освен на Антарктикот.Многу земји пријавуваат рекорден број заразени. Таков е случајот со Русија.
Земјата денеска пријави повеќе од 124.000 инфекции на коронавирус, што претставува највисокиот дневен биланс од почетокот на пандемијата. Над 5.6 милиони луѓе во светот досега починаа од коронавирусот.
foto freepik.com
