Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во кинеска провинција по милион случаи на Ковид-19 дневно

Во кинеска провинција по милион случаи на Ковид-19 дневно

Во провинцијата Жеџијанг во источна Кина дневно се евидентираат околу еден милион нови случаи на корона вирус, а се очекува бројот да се удвои во наредните денови, соопшти денеска покраинската влада.

И покрај рекордниот пораст на бројот на заразени низ целата земја, Кина не пријавила ниту еден смртен случај од Ковид-19 во изминатите пет дена, соопшти денеска кинескиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Како што пренесува Ројтерс, граѓаните и експертите бараат попрецизни податоци за состојбата во земјата бидејќи бројките нагло се зголемија откако властите се откажаа од стратегијата „нулта ковид“.

Податоците се нецелосни бидејќи Националната здравствена комисија престана да пријавува асимптоматски случаи.

„Се проценува дека врвот на инфекцијата ќе пристигне порано во Жеџијанг и дека ќе влезе во период на покачени нивоа околу Нова година, при што бројот на нови инфекции на дневна основа ќе достигне два милиони“, владата во Жеџијанг.се вели во соопштението на покраинската влада.


Слично

Поврзани вести