Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во кинеска градинка 11 деца ранети со нож

Во кинеска градинка 11 деца ранети со нож

Maж рани со нож 11 деца во градинка во кинескиот автономен регион Гуангкси-Чжуан, пренесоа агенциите, повикувајќи се на државната телевизија.

Мажот се качил по ѕидот на градинка во градот Пинсaн и ги нападнал децата.

Настраданите деца се пренесени во болница, тие не се во животна опасност.  Напаѓачот е уапсен од полицијата и случајот се истражува.

Злосторствата со насилство се реткост во Кина во споредба со многу други земји, но во последните години се вршат голем број напади со ножеви и секири, многу од кои против деца.


Слично

Поврзани вести