Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Кина масовно се колат птици поради грипот

Во Кина масовно се колат птици поради грипот
Во вториот по големина кинески град Хангжу, кој е втор по големина по Шангај, денеска се заклани илјадници птици со цел да се спречи ширењето на вирусот на птичји грип Х7Н9, од кој починаа шест луѓе во земјата. Постоење на предизвикувачот на болеста првпат е докажано кај еден гулаб на југозапад од Шангај. Таму властите убија повеќе од 20.000 птици, а во градот е забранета продажба на живи птици.

Кина потврди 16 случаи на овој тип на грип, соопшти Министерството за здравство откако пред една недела најави дека вирусот првпат е откриен кај луѓе.

Кинеските власти тврдат дека нема докази за можно пренесување на вирусот од човек на човек, а истото го повтори и Светската здравствена организација.

Слично

Поврзани вести