Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Кина има над 240 милиони возила

Во Кина има над 240 милиони возила

Кинезите во изминатата година купиле повеќе од 15 милиони нови возила со што вкупниот број на автомобили на патиштата во државата е над 240 милиони.

Од сите возила, половината се патнички, соопшти Министерството за јавна безбедност.

Во 1999 година во Кина имало помалку од 15 милиони автомобили. Само лани се издадени нови 26,5 милиони возачки дозволи.

Толку немало возачи во цела Кина во 1997 година, објави Маркет воч.

Во Кина денеска има повеќе од 260 милиони возачи. Според прогнози на Кинеското здружение на производители на автомобили, продажбата на патнички автомобили оваа година ќе биде поголема за 8,5 отсто и ќе достигне околу 16,8 милиони

Слично

Поврзани вести