Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Кина годинава се родија нови 64 милијардери

Во Кина годинава се родија нови 64 милијардери
Бројот на милијардери во Кина, за прв пат оваа година, надмина 300 лица. Оваа земја брои точно 315 милијардери, што е за 64 повеќе во однос на минатата година, покажува истражувањето на институтот Hurun. Најбогат човек во државата е шефот на конгломератот Wand, Ванг Јианлин, кој неодамна ја купи американската кабелска мрежа AMC. Неговото богатство се проценува на 22 милијарди долари. Просечното богатство на 1.000 најбогати Кинези изнесува околу милијарда долари. Недвижностите претставуваат најчест начин за збогатување на кинеските милијардери, и покрај напорите на владата да се ограничи купувањето на недвижен имот и да се сопре растот на нивните цени.  
Слично

Поврзани вести