Во Киев веќе нема да има улици и плоштади чии имиња асоцираат на Русија
Украинскиот главен град Киев ќе ги преименува улиците кои имаат врски со Русија.
Градоначалникот Виталиј Кличко, најави дека улиците и плоштадите ќе бидат преименувани. Плоштадот на пријателството меѓу Киев и Москва ќе се вика Плоштад на хероите на Мариупол.
Покрај имињата на улиците и плоштадите, ќе се менуваат и имињата на подземните станици. Како што објави украинскиот сервис на Би-Би-Си, за идејата за преименување на железничката станица во Киев се разговарало и пред да почне инвазијата на 24 февруари. Во земјава веќе 50 дена има војна. Неколку милиони бегалци ја напуштија Украина.
Слично
