Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Киев четириесет отсто од граѓаните без греење

Во Киев четириесет отсто од граѓаните без греење

Во Киев денеска околу 40 отсто од населението немаат греење по руските напади во текот на ноќта, соопшти на Телеграм воената администрација на главниот град.

Украинската нуклеарна централа Запорожје е исклучена од редовно снабдување со електрична енергија по големиот бран руски ракетни напади низ целата земја, соопштија операторите.

Неколку украински градови пријавија ракетни напади насочени против енергетската инфраструктура уште од раните утрински часови, вклучително и главниот град Киев, какои во регионите Одеса и Харков.

„Итни прекини на струја во моментов спречуваат 40 отсто од киевските потрошувачи да добијат греење“, се вели во соопштението на воената администрација.

Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека проблем има само со доводот на електрична енергија, додека водоснабдувањето функционира.

Во нападите загинале најмалку пет лица во западните и во источните региони. 


Слично

Поврзани вести