Во Канада полицијата ликвидира осомничен за терористичка закана
Полицијата во Канада уби едно лице откако по доверлива дојава бил идентификуван како потенцијална терористичка закана.
Осомничениот е убиен за време на полициските рации во градот Онтарио. Во соопштението на канадската полиција се наведува дека „осомничениот е идентификуван како закана по национална безбедност“, по што ќе се „преземат мерки за осигурување на безбедноста на јавноста“.
Неименуван извор од разузнавачките служби потврдил дека станува збор за осомничениот Арон Драјвер, кој минатата година бил уапсен поради јавно поддржување на „Исламска држава“.
Од истиот извор се дознава дека убиениот Драјвер, кој го користел псевдонимот Харун Абдурахман, живеел во Онтарио, мала заедница југозападно од Торонто.
Слично
