Во Калабрија со дронови ги „ловат“ пироманите, еден гаѓал со камен откако го фатиле на дело
Пироман е фатен на дело во Италија, по што со камен се обидел да го сруши дронот што го снима.
„Минатата сезона користевме пет беспилотни летала, оваа година 30“, рече гувернерот на италијанскиот регион Калабрија – Роберто Очиуто.
Вели дека најмалку 80 проценти од овие пожари во Калабрија се подметнати.
„Минатата година во Калабрија фативме 22 пиромани, а годинава најдовме неколку. Регионот има оперативен центар каде има специјализиран персонал кој управува со беспилотните летала и интервенира таму каде што има сомнително човечко однесување“, рече тој.
Вели дека ги објавуваат пироманите, а потоа драстично се намалуваат подметнатите пожари, но имало случаи кога земјоделци ненамерно предизвикале пожари. Пожари има во Италија, Алжир, Грција. Во Грција две седмици беснеат пожари.
